Пејачот Радиша Трајковиќ Џани на 5 март, беше опериран во Љубљана, Словенија.
Според домашните медиуми, операцијата била сложена, но успешна, а фолкерот моментално се опоравува на интензивна нега.
Во најтешките моменти, тој не беше сам – неговата сопруга Слаѓана му беше најголема поддршка.
Поврзани објави
– Опериран е денес. Еве ме во болницата, на интензивна нега. Џани е добро, сè помина во ред – изјави Слаѓа.
Да потсетиме, Радиша Трајковиќ Ѓани се здоби со тешка повреда додека скијаше во Италија. Помошта му беше укажана веднаш на патеката, каде што му ја завиткаа раката и го ставија на носилки, а потоа го пренесоа до возилото на Брзата помош.