16
– Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево денеска изјави дека Белгија е подготвена да испрати мировни сили во Украина.
– Не ја исклучуваме таквата можност, но прво треба да се склучи мировен договор, посочи Прево.
Според него, за мирот да биде траен и прифатлив треба да ги земе предвид интересите на Украинците и Европејците, а не да биде на нивна сметка.
Прево посочи и дека новата белгиска Влада планира летово да го зголеми буџетот за одбрана на два отсто од бруто домашниот производ. ми/фото: ЕПА .
Извор: МИА