Селена Гомез привлекла внимание со својата појава на доделувањето „оскари“
На доделувањето „оскари“ Селена Гомез се појавила облечена во сребрен фустан со бисерчиња на „Ралф Лорен“ и веднаш ја прогласиле за најдобро облечената жена на овој свечен настан. Тенок струк, бујно деколте, фризура во стилот на холивудските диви – Селена Гомез никогаш не изгледала подобро!
Никој не можел да ѝ замери за ништо, освен можеби за изборот на партнер…
32-годишната пејачка и актерка, чиј филм „Емилија Перез“ доби најмногу номинации вечерта, се прошетала сама на црвениот килим, иако на настанот присуствувала со свршеникот Бени Бланко.
Поврзани објави
Јавноста веднаш почнала да коментира зошто Селена го оставила да ја чека додека таа им позирала на фотографите.
„Изгледа како да повела баба со себе на настанот“, гласеле коментарите за чудниот изглед на Бени Бланко.
Со бушава и неуредна коса, во бел костим со црна наметка, Бени носел чудни машки балетанки на босите нозе, па неговиот изглед никако не бил складен со гламурозниот изглед на Селена Гомез.
Можеби актерката и пејачката успеала да направи полн погодок со фустанот и да биде прогласена за најдобро облечена жена на доделувањето „оскари“ 2025 година, но нејзиниот избор на партнер е повеќе од дискутабилен, според многумина.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм