Почетна Убавина и здравјеИскористете го стариот леб и пригответе ги овие превкусни прженици полнети со шунка и кашкавал – Убавина и здравје

Искористете го стариот леб и пригответе ги овие превкусни прженици полнети со шунка и кашкавал – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Најдобриот начин да го искористите стариот леб е да го приготвите ова превкусно јадење

Пржениците се популарно јадење од нашето детство, кое најчесто се приготвуваше за појадок или вечера. Главната состојка е бајатиот леб, а речиси сите го обожаваа совршениот вкус.

Доколку обожавате да ги јадете, а сакате да пробате нешто поинакво, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Шупливите прженици полнети со кашкавал и шунка се одличен предлог за појадок или вечера. Приготвувањето е многу едноставно, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

За пржениците:

  • 20 г путер
  • 3-4 парчиња леб

За полнењето:


Поврзани објави

  • 2 јајца
  • 1 лажиче оригано
  • 100 г шунка
  • 120 г тврд кашкавал
Приготвување:

Стопете го путерот, па наредете ги парчињата леб, откако ќе им ја извадите средината. Изматете јајца, посолете, посипете оригано, па додајте сечкана шунка и рендан кашкавал. Добро измешајте.

Ставете ја смесата во празнината на лебот, израмнете и поклопете, па пржете околу 7 минути. Потоа, превртете на другата страна, повторно поклопете и пржете уште 3 минути.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…