Првото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, поради сомнение дека избегнувал плаќање данок со давање лажни податоци.
Се сомнева дека како одговорното лице, основачот и директор на „Бака Прасе доо“, Богдан Илиќ, со намера целосно да избегне плаќање данок на добивка, давал лажни податоци за факти кои се важни за утврдување на оваа обврска и со тоа избегнал да плати данок во износ од 1.316.461 динари.
Тој во 2020 година не пријавил добивка во износ од 7.113.566,25 динари, ниту расходи од 1.662.841,65 што изнесува вкупно 8.776.107,00 динари, а по тој основ не пресметал ниту платил данок за 2020 година, со што избегнал уплата во вкупен износ од 31,65 динари.
Признал дека затаил данок, а иако направил кривично дело, Бака Прасе повторно се обиде да биде смешен.
Поврзани објави
Им се извинувам на сите што не платив данок. Навистина плаќав, но не сум имал кусур“, напиша Богдан Илиќ на социјалните мрежи.
За потсетување, на контроверзниот Јутјубер неодамна му беа избришани сите канали на оваа платформа, а како што откри и самиот тој, му беше и забрането повторно појавување на Јутјуб.
Фото: printskrin Youtube/ AmiG Show
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: