Катарина Лазиќ, сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, пред неколку месеци ја роди ќерката Срна, а сега откри дека по породувањето се соочила со здравствени проблеми.
Сопругата на фолкерот Лазиќ дури и за време на бременоста беше активна на социјалните мрежи, а во една прилика Катарина сподели фотографија од трудничкиот стомак и на своите следбеници им откри дека има папочна кила. Бидејќи килата останала видлива и по породувањето, решила да оди на лекар.
По бременоста остана видлива и ми се чинеше дека можеби е поголема, па решив да закажам преглед, да ја прегледам килата и да го слушнам мислењето на докторот во врска со тренинзите“, објасни Катарина.
Лекарот утврдил дека килата не е за операција, но сопругата на Лазиќ има друг проблем како последица на породувањето.
Поврзани објави
Покрај хернијата, имам и дијастаза по бременоста. Дијастазата ми е минимална, можеби ќе се врати во нормала откако ќе помине уште малку време, бидејќи телото се менува девет месеци, па исто толку време е потребно за да се врати во нормала. Можам да го поправам и со вежби, кои ќе ги правам“, призна Катарина на социјалните мрежи.
Инаку дијастазата е состојба која се јавува кога ткивото помеѓу стомачните мускули се растегнува или кине по централната вертикална линија. Најчесто е последица на растот на матката и се јавува кај жени за време на бременост или после породување. Доколку е мала дијастазата може да се санира со вежби, но доколку е поголема потребна е операција.
Фото: printskrin Youtube/ RTV Pink Official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: