Изгледа дека Ченинг Тејтум ја преболел бившата и нашол утеха во друштвото на 19 години помладата убавица.
Еден од најпосакуваните мажи на светот, Ченинг Тејтум (44), изгледа почнал врска со манекенката Инка Вилијамс (25).
Озборувањата ги почнала една страница на Инстаграм која се занимава со животот на познатите личности, а како што пишува, Тејтум бил виден во хотел со мистериозна жена.
Дејли Мејл дошол до одредени заклучоци дека се работи за познатата моделка, а тоа би значело дека Тејтум продолжил понатаму по раскинувањето со Зои Кравиц.
За оваа нова врска не се знае ниту еден детаљ, па која е Инка Вилијамс?
Поврзани објави
Младата манекенка, која штотуку ја почнува својата кариера, пораснала на Бали, но е родена во Мелбурн.
На Инстаграм ја следат над два милиони луѓе, а нејзините провокативни фотографии веќе привлекуваат големо внимание.
Фото: Инстаграм