За некои, пазарот е вистинско место за инспирација и најдобар шопинг. Иако некои веруваат дека таму не можете да најдете доволно добра гардероба, вистината е дека има тезги кои се ризница на винтиџ-модата, а една таква локација е овој пазар во Париз, чии клиенти се коментираат на Инстаграм.
„Ми се допаѓа кога луѓето го носат тоа што сакаат“, е еден од многуте коментари за стилот од пазарот во Париз, каде што може да се купат винтиџ-парчиња, кои ги следат новите трендови.
Имено, пазарот во Париз е еквивалент на уличниот стил за време на модната недела, а најискрените реакции може да се добијат кога не се ни знае каде е направена снимката на која се прикажуваат само модните изданија на парижаните.
Опседната сум со овие стајлинзи“, „Фантастично, обожавам како ја изразуваат својата индивидуалност“,
„Каква прекрасна астмосфера, целосно во духот на модата и сите се брилијантно стилизирани“, „Со облеката ги искажуваат своите емоции, вредности, тоа е повеќе од облека, ги раскажуваат своите приказни, вака се прави тоа“, „Тие се облекуваат како кога децата си играат возрасни“, „Како да отишле на руска рејв-забава во деведесеттите“, „Сите треба да размислуваме за шопинг на пазар“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Меѓутоа, секој пазар не е како овој во Париз, но тој што има стил ќе забележи добро парче облека на секој пазар.
Поврзани објави
На пазарот во Париз, понекогаш можете да најдете многу вредни предмети по многу пристапни цени, кои се вистински скриени богатства. Некои посетители велат дека една од девојките на видеото носи скап фустан кој сигурно не го купила на улица, но кој знае…
Фото: Pexels/Daria Obymaha
Видео: Инстаграм @thestylearchivist