Почетна Убавина и здравјеТестенини со артичоки што ќе ве освојат со својата кремава текстура!

Тестенини со артичоки што ќе ве освојат со својата кремава текстура!

од nenad
1 минути читај за



Овие тестенини со сос од артичоки се идеален оброк ако ви се најавиле ненадејни гости

Ако обожавате тестенини и немате многу време за приготвување ручек, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

Ова јадење содржи и артичоки кои се богати со минерали и витамини, што е одлична причина за овие тестенини да станат дел од вашето мени.

Потребни состојки:

  • 250 грама тестенини по желба
  • 250 грама брокули
  • 2 лажички маслиново масло
  • 250 грама печурки
  • сол
  • бибер

За сосот од артичоки


Поврзани објави

  • 350 грама артичоки
  • половина шолја вода
  • 1 шолја маслиново масло
  • 10 свежи листови жалфија
  • 2 чешниња лук
  • половина лажичка сол
  • бибер
  • малку лимон
Приготвување:
  • Измијте ги брокулите, додајте маслиново масло, сол и бибер и потоа печете ги 15-тина минути на 250 Целзиусови.
  • Сварете ги тестенините во лонец.
  • Додека се варат тестенините, во големо тавче ставете малку маслиново масло, додајте печурки, посолете, зачинете со бибер и потоа испржете.
  • Потоа, почнете со приготвување на сосот.
  • Ставете ги артичоките во блендер, додајте вода, маслиново масло, жалфија, лук, сол и бибер.
  • Мешајте додека добиете кремава смеса.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pexels