Почетна Убавина и здравјеКажете ѝ НЕ на болката! – Убавина и здравје

Кажете ѝ НЕ на болката! – Убавина и здравје

од nenad
8 минути читај за

Мажите и жените различно ја процесираат болката, потврдува новото истражување, кое објаснува многу, вклучувајќи ги и ефектите од лековите против болки. Студијата, која штотуку е објавена во списанието PNAS Nexus на 14 октомври, како што објави Woman’s Health, може да помогне да се објасни зошто жените, во споредба со мажите, се повеќе склони кон хронична болка и зошто често помалку реагираат на третман со опиоидни лекови.

ШТО ДРУГО ОТКРИ НОВАТА СТУДИЈА?

Неколку различни работи. Една од нив е дека ублажувањето на болката со помош на медитација е помалку ефикасно кај мажите кога опиоидниот систем им е блокиран, што сугерира дека тие имаат тенденција да го користат производството на опиоиди од телото за да ја намалат болката.

Од друга страна, лекот налоксон, кој бил користен во студијата, ги зголемил придобивките од медитацијата за намалување на болката кај жените, што укажува на тоа дека жените повеќе користат неопиоидни механизми за намалување на болката.

Болката е субјективна, па затоа е многу тешко да се измери со сигурност“, вели Џејми Алан, д-р и вонреден професор по фармакологија и токсикологија на Државниот универзитет во Мичиген.

„Постојат студии кои забележуваат дека жените имаат поголема веројатност да пријават болка во споредба со мажите. Дали ова значи дека тие всушност чувствуваат поголема болка или поинтензивна болка, или едноставно е социјално поприфатливо жената да пријави болка?“ – објаснува Алан.

Студија од 2021 година покажа дека ибупрофен е поефикасен кај мажите отколку кај жените, додека друга студија покажа дека лекот преднизон може да предизвика понепријатни несакани ефекти кај жените.

Постојат физиолошки разлики помеѓу мажите и жените, а особено меѓу половите постојат разлики во метаболизмот на лековите“, вели Џејми Алан.

„Навистина има смисла да се каже дека мажите и жените можат различно да реагираат на лековите против болки.“

АЛАРМ ЗА ОПАСНОСТ

Што заклучуваме? Значи, нашето чувство за болка е обликувано од биолошки, психолошки и социјални фактори, така што и нашето субјективно искуство на непријатноста ќе биде различно одошто кај другите – чувство што, на пример, го опишувате само како иритирачко, кај другите може да предизвика болна агонија. Исто така, иако болката е непријатна, тоа чувство има своја цел.

Болката во основа е нашиот „аларм за опасност“, како што објаснуваат експертите. Тоа е симптом кој нè штити од опасност. Болката е неверојатна работа кога работи правилно. Но понекогаш нашиот „аларм за опасност“ не функционира како што треба.

Да речеме, ако ја скршите раката, во здраво сценарио, сигналите за болка патуваат од местото на повредата до мозокот за да ве информираат дека треба да ги прекинете вашите активности и да побарате помош во форма на третман. И болката е тука додека раната зарасне.

Меѓутоа, ако има проблем во системот за перцепција на болката, болката може да трае долго откако раната ќе зарасне – мистерија што истражувачите сè уште се обидуваат да ја откријат. Тогаш тоа е хронична болка – бидејќи мозокот ги толкува сигналите како поинтензивни отколку што се.

КОИ ТЕХНИКИ ЈА УБЛАЖУВААТ БОЛКАТА КАЈ ЖЕНИТЕ?

Најдобро е пациентот да се процени холистички, наместо да се избере план за третман на болка врз основа на полот“, вели Алан.

„Ако земате лекови против болка и не добивате олеснување, важно е да го кажете тоа. Вашиот лекар треба да може да препорача алтернатива – во форма на друг лек, но и низа алтернативни пристапи, методи, промени на исхраната и на вашите активности.“

И ДВИЖЕЊЕТО Е ВАЖНО!

Физичката активност е една од важните „алатки“ во вашиот комплементарен пристап. Ако не се движите редовно, мускулните ткива стануваат вкочанети и тврди, па затоа вежбањето секогаш се препорачува против воспаленија и за разбивање на болката.

Велат „движењето е како подмачкување“, бидејќи движењето го одржува мускулно-скелетниот систем „подмачкан“, доведувајќи ја крвта во деловите од телото кои не ја добиваат редовно ако само седите пред компјутерот.

На возрасните им се препорачуваат најмалку 150 минути умерена аеробна физичка активност неделно – како дополнение на најмалку две активности за зајакнување на мускулите. Секое ново движење ѝ се спротивставува на болката.

Кои се нашите алтернативи? 7 природни лекови кои можат да ги ублажат болките во грбот, зглобовите и мускулите.

Додека антиинфламаторните лекови како што е ибупрофен може да бидат ефикасни за акутна болка, долготрајната употреба може да предизвика штетни несакани ефекти, вклучувајќи и оштетување на бубрезите и гастроинтестиналниот тракт. Некои природни додатоци може да бидат многу ефикасни за одредени состојби и да имаат помалку несакани ефекти.

  1. КУРКУМА

Често се користи во јужноазиската кујна, како што се јадењата со кари, но содржи и куркумин, клучна состојка која може да помогне да се намали воспалението. За да биде ефикасна како додаток, куркумата треба да се апсорбира со масни масла, како масло од авокадо или маслиново масло и црн пипер, кој го содржат повеќето суплементи.


Поврзани објави

  1. ЕКСТРАКТ ОД СОК ОД ЦРЕША

Антоцијанинот им дава црвена боја и антиинфламаторни придобивки на црешите и на другото црвено овошје и зеленчук. Многу луѓе велат дека сокот од цреша помага во ублажување на болката, но исто така можете да јадете грст цреши секој ден или да земате додатоци што содржат чист екстракт од сокот – бидејќи црешите се богати со антоцијани. Сепак, поради високата содржина на шеќер, пациентите со дијабетес треба да бидат внимателни.

  1. ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ (РИБИНО МАСЛО)

Многу студии ја процениле ефикасноста и безбедноста на додатоците на омега-3 за неколку воспалителни состојби, вклучувајќи ревматоиден артритис, оток и осетливост на болки во зглобовите кај пациенти со ревматоиден артритис. Можете исто така да вклучите омега-3 преку храната (туна, лосос, сардини, тофу, ореви и ленено семе).

  1. КОЛАГЕН

Придобивките од колагенот за еластичноста на кожата им се веќе добро познати на сите. Сепак, некои студии сугерираат дека може да ја ублажи болката во зглобовите, додека други велат дека може да ја намали болката во мускулите. Колагенот е широко достапен во капсули, прав или течна форма, но за повеќе колаген, можете повеќе да јадете и храна богата со протеини и витамин Ц, како што се пилешко, риба, јајца и агруми.

  1. ХОНДРОИТИН И ГЛУКОЗАМИН

Хондроитинот и глукозаминот се две природни супстанции присутни во вашата ‘рскавица, која обично се намалува како што стареете. Се покажа дека суплементите што ги содржат овие компоненти ја намалуваат болката предизвикана од губење на ‘рскавицата, при што хондроитинот ја подобрува функцијата и глукозаминот ја намалува вкочанетоста. Разговарајте со вашиот лекар за да одредите кој од овие два додатоци е соодветен за вас.

  1. BOSWELLIA (ИНДИСКИ ТЕМЈАН)

Неколку студии покажаа дека екстракт од кората на дрвото boswellia, чие потекло е од Индија, може да ја подобри болката и физичката дисфункција предизвикана од хронични болести, како што е остеоартритисот. Босвелинската киселина може да ја спречи мускулно-скелетната болка со спречување на функциите на клетките кои предизвикуваат болка и воспаление.

  1. МАСЛО ОД КАНАБИДИОЛ (CBD)

Истражувањата покажуваат дека маслата CBD можат да го активираат ендоканабиноидниот систем во вашиот централен нервен систем, кој му помага на телото да ги регулира важните функции како болка, расположение, меморија и апетит.

Не заборавајте на геловите

Геловите и кремовите за ублажување на болката исто така можат да бидат опција за спас. На пример, крем со капсаицин, состојка во лутите чили-пиперки, може значително да ја ублажи болката во зглобовите. Го намалува нивото на супстанцијата П во телото, природна хемикалија која се лачи од нервите заедно со воспалителните клетки кои испраќаат сигнали за болка до мозокот.

Придобивките од кремот со капсаицин се широко проучувани, покажувајќи намалување на болката за 50% по редовна употреба. Кремовите не се апсорбираат системски како оралните додатоци, така што само мала количина од супстанцијата влегува во вашето тело. Ова е особено корисно за пациентите што имаат несакани ефекти од одредени додатоци.

У&З-препорака: пробајте го Ice Power Cold Gel, кој се користи за безбедно отстранување на болката. Соодветен е за третман на: болки во вратот и рамењата, главоболка, придружена со мускулна тензија (притисок), болки во грбот, поврзани со мускулите, болки при раст кај деца, невралгии (болки поврзани со нервите и при рехабилитација и физички вежби.

Плус: Користете го и вашиот ум за да управувате со болката

Релаксација, медитација, позитивно размислување… Истражувањата сугерираат дека терапијата ум-тело може да ја ублажи болката со менување на начинот на кој ја доживувате. Следниве техники можат да ви помогнат да го оттргнете умот од болката или евентуално да ги пренасочите воспоставените сигнали за болка:

Длабоко дишење. Земете длабок здив, задржете го неколку секунди и издишете. За да се фокусирате, можете да користите збор или фраза како водич. На пример, можеби ќе сакате да вдишете „мир“ и да издишете „напнатост“. Исто така, постојат неколку апликации за паметни телефони и таблети кои користат звуци и слики за да ви помогнат да го одржите вашиот ритам на дишење.

Поттикнување одговор на релаксација. Како противотров на одговорот на стресот, кој го забрзува срцето и го става телото во готовност, реакцијата на релаксација ги намалува реакциите на телото. Затворете ги очите и опуштете ги сите мускули, а потоа фокусирајте се на длабокото дишење. Кога мислите ќе ви ја прекинат концентрацијата, кажете „освежи“ и вратете се на дишењето. Продолжете да го правите тоа 10 до 20 минути. Потоа отворете ги очите и седете мирно уште една минута.

Медитација со водени слики. Започнете со длабоко дишење, обрнувајќи внимание на секое вдишување и издишување. Потоа слушајте смирувачка музика или замислете дека сте во мирна средина. Ако забележите дека вашиот ум талка, кажете „рефреш“ и повторно фокусирајте се на сликата.

Свесност (mindfulness). Изберете која било активност во која уживате – читање поезија, шетање во природа, градинарство или готвење – и нурнете се во неа. Обрнете внимание на секој детаљ од она што го правите и како реагираат вашите сетила и емоции. Вежбајте да внесувате свест во сите аспекти од вашиот живот. И помалку ќе размислувате за болката.

Пишува: Јелена Белимарковиќ