Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најпознатите славни парови, чија љубов надминала бројни предизвици.
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам и дизајнерката Викторија уживаат во љубовта веќе 26 години, а во чест на тоа го прославија и Денот на вљубените.
Дејвид објави стара фотографија на која се гушкаат, а се чини дека ништо не се сменило до ден денес. Иако можеше многу да се смени…
Имено, додека се чинеше дека ништо не може да ја поколеба нивната љубов, првата голема афера се случи во 2004 година. Во тоа време Дејвид наводно бил со неговата асистентка Ребека Луис, која, пак, го фатила во кревет со шпанската манекенка и актерка Естер Канадас.
Но ова не се единствените афери на славниот фудбалер. Моделот Селин Лори изјави дека спиела со Бекам во Данска во 2002 година. Даниел Хит, која поседува салон за убавина, тврдеше дека имала афера со Дејвид во домот на Бекамови во Мадрид, што тој секогаш го негираше тоа.
Поврзани објави
Веројатно никогаш нема да ја дознаеме вистината, но едно е сигурно, сето тоа е далеку зад Бекамови.
Среќен ден на вљубените, те сакам“, напиша поранешниот фудбалер во описот на објавата.
Фото: Инстаграм