Теодора Џехверовиќ пред неколку дена го претстави својот нов проект „Трилогија“ и објави три нови песни, а само за спотови потроши повеќе од 50.000 евра!
Пејачката Теодора Џехверовиќ на својот 28 роденден ги објави песните “Divlja”, “Dijamanti” и “Bad”, на кои работеше долго и напорно.
Најмногу внимание привлече дуетот со Војаж, песната “Divlja”, која веќе предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Спотовите за сите три песни се карактеризираат со модерна продукција, атрактивен визуелен идентитет и енергична интерпретација, а пејачката потрошила повеќе од 50.000 евра за нивната филмска адаптација.
Поврзани објави
Теодора е позната како некој што многу вложува во своите настапи, а во еден период целиот хонорар што го заработи во реалното шоу „Задруга“ го вложи во својот прв албум.
Да потсетиме, покрај нејзините нови песни, веќе со месеци во јавноста многу се зборува и за љубовниот живот на Теодора. Иако се појавија информации дека Теодора раскинала со словенечкиот кошаркар Матич Ребец, тој на нејзиниот роденден објави нивна заедничка фотографија и ги изненади сите.
Фото: printskrin Youtube/ Blic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: