Брз, лесен и најважно здрав ручек. Може да се послужи како прилог или главно јадење, а едно е сигурно, нема да можете да му одолеете!
Потребни состојки за печен карфиол во сос од сирење:
1 карфиол
2 лажици путер
2 лажици брашно
500 мл млеко
100 г рендан кашкавал (пармезан или друго сирење по избор)
сол и бибер по вкус
морско оревче
2 лажици лебни трошки
свеж магдонос за декорација
Приготвување:
Во големо тенџере зовријте вода со малку сол. Додајте ги цветовите карфиол и варете 5-7 минути додека станат меки, но сепак да ја задржат својата форма. Карфиолот исцедете го и оставете го на страна.
Поврзани објави
Растопете го путерот во тава на средна топлина. Додајте го брашното и мешајте додека добиете изедначена смеса (ровка смеса). Гответе 1-2 минути, внимавајќи да не ви изгори брашното. Постепено додавајте го млекото со постојано мешање за да избегнете грутки.
Гответе го сосот додека се згусне, околу 5-7 минути. Додајте рендано сирење, сол, бибер и морско оревче по вкус. Мешајте додека кашкавалот целосно се растопи и сосот се изедначи.
Загрејте ја рерната на 180°C. Сварениот карфиол ставете го во сад за печење. Белиот сос прелијте го врз карфиолот, внимавајќи сите цветчиња да бидат добро покриени. По желба, одозгора посипете леби ронки за дополнителна крцкавост.
Печете во загреана рерна 20-25 минути или додека зарумени. Извадете го од рерна и оставете малку да се излади пред послужување. По желба украсете со свеж магдонос.
Фото: Printscreen Youtube