Откако раскина со Рада Манојловиќ, Харис Берковиќ не се појавува во јавноста. Пејачот ја запостави кариерата и речиси не ги користи социјалните мрежи, но сега ги изненади сите со нова фотографија и изглед по кој не го паметиме.
Поминаа речиси три години откако победникот на натпреварот Ѕвездите на Гранд раскина со Радa Манојловиќ, по што тој целосно исчезна од очите на јавноста. Пејачката исто така никогаш не сакала да зборува за својот поранешен партнер со кој беше во врска шест години.
По долго време Харис Берковиќ објави фотографија на својот Инстаграм профил и со својот изглед ги шокираше следбениците. Пејачот се здебели, а веќе не може да се пофали со својата бујна коса. Единствено нешто што е препознатливо кај него е неговата насмевка.
Поврзани објави
Рада никогаш не сакала премногу да зборува за врската со Харис, а се шпекулираше дека раскинале бидејќи неговото семејство не можело да прифати дека таа е пејачка од друга вероисповед.
Не се слушам со Харис, ниту се следиме на Инстаграм. Мора да има причина која не би сакала да ја откријам. Продолживме со нашите животи и мислам дека тоа е најдобро“ – рече Рада во една прилика.
Фото: printskrin Youtube/ PRINC Planet TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: