Почетна Убавина и здравјеПејачката брутално и ладнокрвно ја отфрлила кога ѝ била најпотребна – Убавина и здравје

Пејачката брутално и ладнокрвно ја отфрлила кога ѝ била најпотребна – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Тејлор Свифт официјално може да ја добие титулата „најлоша пријателка во Холивуд“

Дали Тејлор Свифт и официјално ја доби титулата за најлоша пријателка во Америка? Ако може да им се верува на медиумите, пејачката ќе се најде на уште еден морален удар.

Нејзината некогашна најдобра пријателка Блејк Лајвли моментално поминува низ турбулентен период, како последица на тужбата со Џастин Балдони, со која го ризикува своето богатство и репутација.

А каде е Тејлор? Во добро и во зло? Тоа правило не важи за пејачката.

Ниту една ѕвезда не е поладнокрвна и поспремна да ги остави своите сакани ако смета дека тие можат да го загрозат нејзиниот таканаречен бренд Miss Americana.

Инаку Свифт им е кума на трите деца на Лајвли и постојано ги дружеше Блејк и Рајан Рејнолдс на сите фудбалски натпревари на нејзиниот партнер Тревис Келц, но изгледа дека на сето тоа му дојде крајот.

Деновите на Лајвли во тимот на најуспешната пејачка биле одбројани во моментот кога ја поднела големата тужба против Џастин Балдони, нејзиниот колега и режисерот на филмот It Ends With Us, поради наводно сексуално вознемирување. Кога Балдони возвратил, откривајќи ги текстуалните пораки во кои Лајвли ја споменала Свифт како еден од нејзините „змејови“, напоменувајќи дека пејачката била присутна за време на клучниот состанок, изгледа дека тоа бил почетокот на крајот.


Поврзани објави

Спорната порака гласела вака:

„Ако си гледал ‘Игра на тронови’, ќе знаеш дека и јас, како Калиси, имам неколку змејови кои ме штитат“, алудирајќи на Тејлор и Рајан Рејнолдс.

Лајвли сега е како оштетена роба, на која Свифт ѝ замерува поради тоа што ја вовлекла во овој ноќен кошмар.

Според тврдењата на Џастин, Свифт имала голем удел во снимањето на филмот – давала белешки за сценариото, била присутна на состаноците и дозволила една нејзина песна да се користи во филмот.

Десет години пријателство фрлени во вода за миг.

„Тејлор навистина не сакаше Блејк да ја вовлече во целава ситуација. Таа ги негува искрените пријателства, но сака да се држи што подалеку од оваа драма“, рекол еден анонимен извор.

Прашање е дали госпоѓицата Американа навистина ги негува пријателствата, со оглед на тоа што на секое доделување награди се појавува сама. Тејлор, пријателите не се отфрлаат во неволја!

ФОТО: Принтскрин Инстаграм