17
Ви споделуваме рецепт за најсочната вечера за целото семејство
Состојки:
За филот:
- 100 г димена сланина
- 2 главици кромид
- 400 г мелено месо
- зачини по ваш вкус: сол, сув зачин, бибер, оригано, лук
За сосот бешамел:
Поврзани објави
- 50 г путер
- 3 лажици брашно
- 500 мл млеко
- 250 мл неутрална павлака
- сол, бибер, лук
Приготвување:
Сварете ги макароните во солена вода. На масло пропржете сланина и кромид, па додајте мелено месо. Зачинете, пропржете, па тргнете го од рингла.
Во друго тавче пригответе го сосот бешамел. Растопете путер, додајте брашно и пропржете, па додајте млеко и мешајте додека ги разбиете грутките. Додајте неутрална павлака. Зачинете.
Во намрсен сад редете макарони, бешамел, фил од мелено месо, бешамел, макарони, бешамел. Печете на 200 степени околу 20 минути.
ФОТО: sheri silver / Unsplash