Почетна ТехнологијаОбвинителство за претресот кај Пеце Мирчевски: Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје

Обвинителство за претресот кај Пеце Мирчевски: Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје

од nenad
1 минути читај за




Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”.

-Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, информираат од Обвинителството.