Чуандо Тан има 58 години, но кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе помислите дека е барем 20 години помлад.
Човекот што старее наназад, Чуандо Тан, им го привлекува вниманието на луѓето ширум светот благодарение на неговиот неверојатен изглед.
Ако го погледнете, ќе помислите дека тој е некој модел, кој имал околу 30 години, но веќе е во педесеттите. Роден е во Сингапур во 1966 година, а во младоста се занимавал со манекенство. Интересно, Чуандо вели дека нема тајна кога е во прашање неговиот изглед.
Сепак, смета дека исхраната е многу важна, „ние сме тоа што го јадеме“, вели тој и убеден е дека 70% од успехот во одржувањето на младоста и здравјето зависи од исхраната, а 30% од физичката активност.
Што прави Чуандо за да изгледа толку младо?
Исхрана: нема диети, само строги принципи
Чуандо Тан не следи строга диета, но има јасни правила:
Појадокот се состои од 6 јајца (2 жолчки и 6 белки), чаша млеко, авокадо и бобинки.
Во текот на денот, јаде пилешко со ориз, зеленчук на скара и супа од риба. Тој смета дека протеинот е главната хранлива материја за одржување на младоста. Не пие кафе или чај, но пие многу вода. Дури и ноќе. Неговиот последен оброк е во 18 часот.
Не ми е гајле колку пати ќе станам навечер за да одам во тоалет. Главно е да одржувам избалансирано ниво на хидратација“.
Рано си легнува, но и рано се буди.
Поврзани објави
Чуандо спие најмалку 8 часа на ден и се обидува да си легне најдоцна до 23:00 часот. Тој верува дека раното станување го прави попродуктивен во денот.
Редовно тренира.
Како што изјави, тренира дури четири пати неделно. Неговите тренинзи вклучуваат тренинг за сила, кардио и пливање.
Зема многу витамини.
Најважни му се витамините Ц и Д, а витаминот Д се труди да го добие од сончање, иако само наутро и попладне, кога сонцето не е толку штетно за кожата.
Избегнува стрес.
Како што вели, стресот и негативните емоции го забрзуваат стареењето, а некои истражувања покажале дека позитивните луѓе живеат подолго.
Се грижи за својот изглед.
Тој нема направено никаква козметичка корекција, но ја фарба косата и користи хидратантни кремови за да се негува.
Не пуши и не пие.
Чуандо целосно се откажал од алкохолот и цигарите и нема некакви пороци. Резултатите се повеќе од видливи.
Фото: Инстаграм