Здравите и убави нокти се она кон што се стремиме сите, исто како и негуваната коса, па еве совет како да го стимулирате нивниот раст и да ги окрепите по разните третмани.
Не е секогаш лесно да пуштиме подолги нокти кои изгледаат прекрасно – ова е особено проблем ако ноктите се кршливи и тенки. Но доколку користите добро избрани есенцијални масла за нега на ноктите, не само што вашите нокти полесно ќе пораснат до посакуваната должина туку и ќе ги заштитите од кршење, лупење, истенчување и пукање, а во целина ќе бидат поздрави.
Рецепт за раст на ноктите
Состојки:
– 3 капки масло од гераниум
– 3 капки масло од лаванда
– 2 капки масло од лимон
– 4 лажици базно масло од јојоба
Постапка:
Поврзани објави
Добро измешајте ги сите состојки и истурете ги во шишенце со ролон. Нанесувајте на ноктите и кутикулите пред спиење.
Моќни ефекти
Маслото од гераниум е едно од најмоќните етерични масла за хидратација. Ѝ ја враќа влажноста на сувата кожа околу ноктите, а има и антибактериски и антисептички својства, што ги штити ноктите од инфекции и габи.
Маслото од лимон помага да се осветлат затемнетите нокти и им дава поздрав сјај. Грст витамин Ц од лимон ги храни и зајакнува ноктите.
Маслото со најширока примена, есенцијалното масло од лаванда, се покажа како исклучително добро за зајакнување на ноктите и кутикулите околу нив, како и за хидратација.
Покрај тоа, има антибактериски својства, уништувајќи ги микробите кои можат да се населат во кутикулата која го штити коренот на ноктите.
Фото: Pexels/cottonbro studio