Адријана Лима го покажала совршено обликуваното тело во разголен фустан, а во истата креација се појавила и пејачката Тајла
Дизајнерот Симон Порт Жакмус ја претставил својата нова колекција за есен/зима 2025 година во Париз и собрал бројни влијателни светски дами на чело со Карла Бруни, Ана Винтур и Памела Андерсон. За жал, модните критичари посочиле дека славниот креатор овој пат не си ја завршил добро работата и дека моделите му биле чиста утка. Сепак, овие две дами дефинитивно го украле шоуто.
Имено, Адријана Лима гордо прошетала на пистата во „разголен“ фустан, а потоа во ист таков се појавила и пејачката Тајла.
Станува збор за црн фустан со големи прорези од страните, кои достигнуваат до бутовите, така што ја откриваат долната облека. Напред е во форма на ролка, па градите се целосно покриени, така што не ни може да се насети глетката што следи кога моделките ќе се свртат со грб.
Шетањето во ваква креација е прилично незгодно, но на Адријана Лима тоа не ѝ претставувало никаков проблем. Држејќи чанта во раката и со гордо крената глава, таа доминантно чекорела пред сите присутни.
Поврзани објави
Косата ѝ била собрана во пунџа, додека на лицето имала минимално шминка. Многумина коментирале дека никогаш не изгледала подобро и дека го довела телото до совршенство.
Од друга страна, иако изгледала прекрасно, Тајла делувала помалку самоуверено, но ја постигнала својата цел – сите зборувале за неа.
Поинаку го надополнила целиот стајлинг во споредба со славната манекенка. Ставила впечатливи бели обетки со црни линии, ја навиткала косата, а големо внимание привлекле и долгите нокти во популарната бургунди нијанса.
ФОТО: Инстаграм