„Диџеј Ахмет“ е драма со примеси на комедија за момчето Ахмет од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта Tрогателнoто играно деби на писателот и режисер Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“, собира бројни позитивни рецензии. Филмот синоќа премиерно беше прикажан на фестивалот „Санденс“ во Парк Сити, Јута, во конкуренција за награди на програмата Светски филм. „Холивуд репортер“ пишува рецензии и за македонски филмови, а филмот го оценува како инспиративна приказна за созревањето. „Во средина во која религијата и традицијата доминираат и кај младите и кај постарите, 15 годишниот овчар спасот од секојдневието го наоѓа во електронската музика. Тоа му помага да го издржи гневот на неговиот строг и доминантен татко, како и да се поврзе со девојка која е ветена на некој друг“, пишува „Холивуд репортер“.
„Диџеј Ахмет“ вчера премиерно прикажан на „Санденс“, собира бројни позитивни критики
16