Почетна Убавина и здравјеЌе ве стопли за време на студените зимски денови – Убавина и здравје

Ќе ве стопли за време на студените зимски денови – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Гарантираме дека никогаш не сте пробале поубава супа од оваа

Домашната супа од пилешко и шупливи коски е полна со колаген и корисни состојки кои го крепат телото.

Состојки:
  • 2 л вода
  • 2 пилешки батака
  • 1 шуплива телешка коска
  • 3 средни моркова
  • 3 средни пашканати
  • 1 главица кромид
  • малку свеж лист од магдонос
  • малку тестенини за супа
  • сол и бибер
Приготвување:


Поврзани објави

Пропржете го малку кромидот, па во лонец сипете вода и ставете ги шупливата коска, малку лавров лист и кромидот. Гответе најмалку еден час.

Потоа, извадете ги коската и лаворот, а во водата додајте го пилешкото, па гответе уште 45 минути. Потоа, извадете го пилешкото и исчистете го од коски.

Вратете го месото во супата, па додајте рендан морков, пашканат и тестенини за супа, како и сол и бибер.

Додајте цел грст свеж магдонос. Гответе уште 20 минути, па тргнете ја супата од рингла. Послужете ја топла.

ФОТО: Couleur / Pixabay