Пејачката Јелена Розга и композиторот Иван Хуљиќ ја обновија врската пред повеќе од една година и уживаат во заедничката среќа далеку од љубопитните очи.
Парот моментално поминува време на заедничките патувања, а на социјалните мрежи понекогаш може да се видат детали од нивното љубовно гнездо, кое зрачи со топлина и светлина.
Просторот е уреден за да обезбеди чувство на удобност и мир, со акцент на природната светлина што го исполнува секој агол од домот.
Таткото на Иван, познатиот музичар Тончи Хуљиќ неодамна за „Блиц“ ги коментираше гласините за врската на неговиот син и Розга, нагласувајќи дека им дава целосна поддршка.
Поврзани објави
Нема да му влегувам во креветот на мојот син. Ги поддржувам ако се среќни, а ако не е вистина, никому ништо – рече Тончи.
Фото: Инстаграм