22
Иако Бугарија го прифати новиот календар и празникот Водици се празнува веднаш по Нова година, во некои делови е задржана старата традиција. Па така, светиот крст се фрлаше во Стара река. Веднаш откако свештеникот го фрли крстот скокнаа неколку момчиња во замрзнатата река. Едно од нив имаше најмногу среќа и го фати крстот. Но, останатите веднаш му се нафрлија и почнаа да се грабаат. настана општа тепачка а не помогнаа ниту апелите на свештеникот.