Синот на музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, Марко Бијелиќ, во последно време е многу активен на социјалните мрежи и веќе не крие дека е заљубен, редовно споделувајќи фотографии со својата нова девојка Мелани.
Марко и неговата девојка моментално уживаат во Дубаи каде со денови објавуваат фотографии, а на патувањето им се придружиле и мајка му Драгана и сестра му Мануела.
Поврзани објави
Драгана се огласи на социјалните мрежи од Емирати, покажувајќи како е дотерана, но и во што ужива, а и Мануела веднаш се огласи на социјалните мрежи за да ја покаже идиличната сцена. Нејзината мајка веднаш ја сподели истата фотографија и на својот инстаграм-профил.
Опуштање покрај базен, фотографирање пред продавници на познати брендови, пиење пијалаци на луксузни локации и фотографирање во луксузни фустани – сето тоа можевме да го видиме на фотографиите на Драгана од Емиратите.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/dragana_mirkovic/?hl=en