Почетна ЕкономијаОрце Ѓорѓиевски: Во континуитет вложуваме во подобро образование!

Орце Ѓорѓиевски: Во континуитет вложуваме во подобро образование!

од nenad
1 минути читај за




Нашите силни заложби за унапредување на образовниот процес и понатаму ќе останат на врвот на нашите приоритети. Денес, повторно промовираме неколку проекти во основното училиште ,,Круме Кепески”, централното и подрачното. Имено, се работи за изведување на градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница. Како новитет, во подрачното училиште изграден е тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина. Инвестициите продолжија и во централното училиште ,,Круме Кепески”, каде што целосно опремивме две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници. Поставен е и нов под, кој со години не беше променет. Ова не е прво вложување во ова училиште.

Претходно, во централното училиште изградивме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште, пречистивачи за воздух итн.

Тука не застануваме, продолжуваме да ја градиме иднината на младите таква каква што ја заслужуваат.