Почетна Убавина и здравјеСе топи од што е сочна, а готова е за 30 минути – Убавина и здравје

Се топи од што е сочна, а готова е за 30 минути – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Македонската парена торта им успева и на дамите што немаат никакво искуство во кујна

Парената торта е познат десерт на старите македонски домаќинки, чии рецепти со задоволство ги приготвуваат и младите дами. Се приготвува многу едноставно и само за половина час може да се најде на трпезата. Предупредување: ретко кој успева да изеде само едно парче!

Состојки:
  • 1 лажица какао
  • 10 јајца
  • 10 г суво грозје
  • 10 лажици шеќер
  • 100 г сечкани ореви
  • 7 лажици брашно
  • 16 лажици мелени ореви
  • 3 лажици гриз

За преливот:

  • 400 мл вода
  • 800 г шеќер

За декорација:

  • 2 лажици масло
  • 150 г чоколадо


Поврзани објави

Приготвување:

Изматете белки и постепено додавајте шеќер, а потоа ставајте ги жолчките една по една во смесата, додека непрекинато матите.

Потоа, додајте брашно, гриз, какао, мелени и сечкани ореви, суво грозје.

Потоа, внимателно промешајте го сето тоа и префрлете ја смесата во плех или калап, претходно обложен со хартија за печење. Печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 30 минути.

Додека тортата се пече, направете сируп за прелив од шеќер и вода. Измешајте ги овие две состојки во тенџере и ставете ги на шпорет, почекајте да зовријат, па загревајте уште 5-6 минути. Веднаш сипете го врз оладениот колач.

Потоа, украсете го десертот со стопено чоколадо.

ФОТО: Yung-pin Pao / Pixabay