Почетна Убавина и здравјеЈелена Ѓоковиќ прозборе за стравот од болеста – Убавина и здравје

Јелена Ѓоковиќ прозборе за стравот од болеста – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Настојувам да не го правам тоа од страв.“

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ во една емисија откри како станала веганка.

Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на оваа исхрана затоа што морала, а не толку затоа што сакала. Како што рече, се’ почнало во студентските денови.

Почнав да размислувам како да преживеам три години бидејќи немав пари да јадам во ресторани, а не живеев во интернат со кујна. Значи, со веганството почнав од мака – изјави своевремено Јелена на телевизија „К1“.

Поврзани објави

Исто така, Јелена откри дека една од причините поради која станала веган е и стравот од болест.

Мислам дека луѓето се обврзуваат на поздрав начин на живот кога ќе им дијагностицираат нешто. Почнав со веганство и поради стравот од болести. И тоа е најлошиот начин за почеток и не би советувала никого да прави ништо од страв. Се трудам да не правам нешто од страв – изјави тогаш Јелена.

Таа рече дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно ѝ е да се чувствува добро.

Бев голем месојадец, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот будна, со енергија, здрава. Мојата исхрана е 70 отсто сурова храна и 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна приготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите режими на исхрана се само малку поинакви – заклучи сопругата на Ѓоковиќ.

Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk