15
Жените во Северна Кореја се намуртени и многу сериозни, но постои причина за тоа
Тешкиот живот на жителите на Северна Кореја е честа тема во сите светски медиуми, но денес ќе ви откриеме нешто повеќе за животот на жените во оваа земја во која со децении владее семејството Ким Џонг Ун.
Еве со кои сурови закони и услови се соочуваат жените во Демократската Народна Република Кореја:
Поврзани објави
- Жената во Северна Кореја нема права, само обврски и одговорности. Нејзината главна обврска се сопругот и децата. Тие мора да бидат центарот на нејзиниот свет.
- Доколку семејството од некоја причина нема доволно пари, жената мора да заработи доволно за сопругот и децата, па понекогаш мора да работи по две или повеќе работи. Поради тоа, жените во Северна Кореја работат една главна работа од 8 часа и втора со скратено работно време.
- Жените во Северна Кореја се изложени на насилство во семејство на најбруталниот можен начин. Не се реткост мажите што ги тепаат своите жени.
- Доколку мажот ја претепа жената до смрт, во Северна Кореја ќе биде обвинета жената која, според нив, самата го предизвикала тој инцидент.
- Во Северна Кореја постои непишано правило дека мажот треба да ја тепа жената одвреме-навреме, како превенција, за да си знае каде ѝ е местото. Овој став кон жените во севернокорејските семејства се формира уште во детството. Жената треба да биде потчинета и точка.
- Мажите што немаат права во државата или на работа неретко доаѓаат дома и своето незадоволство го истураат врз жената. Жените истрајуваат. Покрај тоа, 80% од случаите на семејно насилство настануваат поради проблеми со алкохолот.
- Секој облик на контрацепција е незаконски во Северна Кореја. Иако може да се купат презервативи во продавници, нивната продажба е нелегална. Најчесто се шверцуваат од Кина и им се продаваат на оние што ги нарачале. Поради тоа, жените претпочитаат друг метод на контрацепција – интраутерински влошки (спирали) кои, исто така, се шверцуваат од Кина.
- Жената во Северна Кореја мора да внимава како се однесува, бидејќи многу лесно може да си ја изгуби репутацијата, особено во општество кое жената ја доживува како „валкана“. Еднаш ако го изгуби угледот, тешко дека ќе најде маж кој ќе се ожени со неа.
- Молчењето е единственото нешто што жената може да го направи за својата репутација. Уште од раѓање таа учи дека треба да биде покорна и послушна.
- За да преживее во Северна Кореја, жената мора да биде молчалива, намуртена, нерасположена…
ФОТО: Thomas Evans / Unsplash