Смарт таблите се навистина корисни и многу помагаат во совладувањето на знаењата и умеењата. Немаат влијание на ракописот. На нив може и да се пишува текст, да се решаваат задачи. Си имаат свое пенкало. Дури пишувањето може и да го подобри ракописот затоа што не може да се брза. Смарт таблите имаат многу можности. Може да се покаже решен пример. Но мора и да се решаваат задачи и да се пишува на нив во моментот, да се користат готови слики и цртежи но и да се црта. Дури може и да има улога на зелена табла.Да се гледаат видеа, но и да се прават истите. Многу е важно како ќе се користат. Ако се користат само како проектори и за препишување на текст тоа е нешто друго. Може да користите содржини од компјутерот, но и да создавате нови содржини со алатките од смарт таблата. Затоа е многу важна креативноста во наставата. Со правилно користење има многу позитивно влијание за поголем интерес и полесно совладување на наставните содржини.