Почетна Македонија(Фото) Протестот продолжува во Готовуша, насобраните Срби бараат поголемо присуство на КФОР

(Фото) Протестот продолжува во Готовуша, насобраните Срби бараат поголемо присуство на КФОР

од nenad
1 минути читај за

Протестот на Србите во Готовуша се уште трае. Насобраните по денешното ранување на момчето од Србија (11) и младото момче (21) кои беа застрелани од Албанец од возило во движење, бараат поголемо присуство на КФОР и безбедносни гаранции дека вакво нешто нема да се повтори.

Неколку стотици насобрани Срби се уште го блокираат патот, а присутни се и припадници на косовската полиција.

Да потсетиме, две момчиња од Србија, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.

Хирургот Божидар Одаловиќ во Грачаница изјави дека Милош и Стефан Стојановиќ по хируршката интервенција се надвор од животна опасност.

„Морам да кажам дека пациентите се донесени од Штрпац околу 16:00 часот, откако беа пукани. рече д-р Одаловиќ.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment