На Бадник на социјалните мрежи се појави емотивно видео од Александра Пријовиќ и нејзиниот син Александар.
Регионалната музичка ѕвезда Александра Пријовиќ по успешната турнеја „Од исток до запад“, која заврши со концерт во белградската арена, ужива во заслужениот одмор, а празниците ги поминува со своите најблиски.
Мајката на Александра, Борка Михајловиќ сними дел од атмосферата во нивниот дом пред најрадосниот христијански празник. Во видеото кое беше објавено на неодамна отворениот профил на Александра на социјалната мрежа ТикТок, таа го држи во скут својот син Александар и му ја пее песната „Pjevat ćemo šta nam srce zna“.
Кога синот ќе нарача песна, мама мора да ја исполни желбата“ – стои во описот на видеото кое ќе ги стопи и најтврдите срца.
Поврзани објави
Додека малиот ужива во гласот на мајка си, членовите на семејството се смееле на тоа што и кучето дошло и мирно седнало штом Александра почнала да пее.
Фото: printskrin Youtube/Aleksandra Prijovic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: