Почетна ЕкономијаЧеститка од Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев

Честитка од Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Рождеството Христово – Божиќ упати честитка до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев, и до сите верници на Евангелско-методистичката црква со желби за здравје, мир и духовен напредок.

-Божиќ е празник кој нè потсетува на силата на вербата, надежта и љубовта.

Тој нè поттикнува да се свртиме кон вистинските вредности – човечноста, солидарноста и поддршката за оние на кои најмногу им е потребна.

Во овие празнични денови, сите ние сме повикани да го отвориме срцето кон другите, да покажеме добрина, да простиме и да ја споделиме радоста со семејствата, пријателите и заедницата, вели премиерот во честитката.

Во овој свет период, посочува Мицкоски, кога светлината на Божиќ ги осветлува нашите домови и души, нека љубовта и мирот се ваш водич низ животот.

Нека празникот, наведува премиерот, ве потсети на вредностите кои нè обединуваат и кои ни даваат сила да се соочиме со предизвиците, но и да создаваме подобра иднина за сите нас.

-Евангелско-методистичката црква има посебно место во нашето општество со својата традиција, својата хуманитарна и духовна мисија, и со нејзиниот придонес за јакнење на вредностите на толеранцијата, заедништвото и почитта меѓу луѓето.

Во духот на овие вредности, ви посакувам да продолжите да ја ширите пораката за мир и добрина, градејќи мостови на соработка и разбирање. Нека Божиќ ви донесе радост, здравје и благосостојба.

Нека ви биде извор на инспирација и сила да чекорите напред со вера и надеж во подобро утре. Среќен Божиќ и нека е благословен овој празничен ден!, посочува Мицкоски во честитката.

фф/вг/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА