Почетна ЕкономијаЗа 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

од nenad
1 минути читај за




ПОЛИТИЧАРИТЕ ВЕТИЈА ПОДОБАР ЖИВОТ ВО 2025 ГОДИНА

Премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук ја објави новогодишната честитка. „Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој.

2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција. Ќе вложиме во економијата, инфраструктурата и образованието, со фокус на подобар живот за сите. Ќе ја градиме Македонија која ја заслужувате – силна, стабилна и ваша.

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ПОМИЛУВА 7 ЛИЦА

За новогодишните празници претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова помилува 7 лица.  Таа по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопшти кабинетот на претседателката.