Почетна ЕкономијаПрилепско: Поголем интерес за земјоделско земјиште под концесија за зголемување на градинарското производство и пониски цени на храната

Прилепско: Поголем интерес за земјоделско земјиште под концесија за зголемување на градинарското производство и пониски цени на храната

од nenad
3 минути читај за

Земјоделците специјализирани за градинарски производи имаа успешна година со зголемен пласман на производството. Според проценките на прилепската регионална единица на Министерството за земјоделство, овогодишното производство бележи пораст од 5 до 10 проценти.

Николче Карапеески, шеф на прилепската регионална единица, изјави дека и годинава се очекува успешен пласман. “По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е трета најзастапена земјоделска култура.” Тој додаде дека во споредба со претходната година, оваа година има зголемен тренд во градинарското производство, особено кај пиперките. “Зголемувањето е од околу 5 до 10 проценти. Тоа се должи на цената што ја постигнаа производителите. Во последниве години производството варира и најмногу зависи од цената на продажба на произведеното. Годинава се очекува дека цената ќе се движи во рамките на ланското ниво и очекуваме производителите да бидат задоволни”, рече Карапеески.

Државната поддршка се доделува по килограм остварен производ, а најголема поддршка добиваат пиперките, доматите и краставиците. “Поддршката се движи од 12 000 до 30 000 денари по хектар, во зависност од видот на градинарската култура. Така, пиоперката, доматот и краставицата добиваат поддршка од 30 000 денари, додека пак производството на лубеници, дињи, тикви добива поддршка од околу 12 000 денари, а поддршката од остварено производство се движи од 3 до 5 денари за килограм. Главно, сите градинарски култури се поддржани со по 3, а куртовската капија и производството во мај е со поддршка од 5 денари за килограм производство”, појасни Карапеески.

Интересот за земјоделско производство во Прилепскиот регион сѐ уште е голем, потврдува фактот дека во последните три огласи за давање под концесија на земјоделско земјиште, издадени се над 2000 хектари, главно за едногодишни земјоделски култури. “Во Прилепскиот регион имаше триста апликаци од кои за 250 Министерството за земјоделство склучи договори. Станува збор за 500 до 600 хектари.” Според информациите, интересот во Прилепскиот регион за земање земјоделско земјиште под закуп е најголем, смета Карапеески.

Сепак, прилепскиот агроном Филип Димкоски смета дека мора да се зголеми домашното производство и да се изготви итна стратегија. “За стабилно градинарско и овоштарско производство не ни треба посебна експертиза, туку само здрава логика. Ако погледнеме дека имаме премало производство, логично дека цените ќе бидат високи, бидејќи ние сме увозно зависни со 80 проценти од храната што ја јадеме. Тоа значи дека оттаму од каде ја увезуваме, државите извозници ги диктираат цените. А кога, како држава не сте производител, вие ќе мора да ја купите храната по цената на оној што извезува и ќе ја даде. Ако се знае фактот дека од 127 00 производители на земјоделски производи во 2014 година, бројката паднала на 62 000 во 2024 година, тоа е повеќе од половина намален број на земјоделски производители. Тоа говори дека земјоделството овде не е веќе грамка која се развива и унапредува, туку, напротив, уназадува и имаме премало производство. Тоа прави да имаме толку високи цени”, објаснува Димкоски.

Тој исто така посочува дека решението е во производството и мора да се стимулираат малите производители. “Секој човек да почне од себе, да ја зголеми својата свест дека ако сака да јаде, мора да произведува, а ако не е во можност да произведува, мора да го зени домашниот производител. И како трето, многу важно решение, државата мора под итно да преземе мерки и чекори за стимулација на домашното производство”, заклучува Димкоски.