Бугарите приготвуваат кајгана на највкусниот начин, задолжително испробајте ја!
Миш-маш е традиционален бугарски специјалитет, а се приготвува од јајца, фета-сирење, домати, кромид и печени пиперки. Ова е здрав оброк полн со протеини, заситува, а лесно се приготвува и нема да ве чини многу.
Состојки:
- 3 поголеми пиперки
- 3 домата
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 350 г фета-сирење
- 5 јајца
- 2 лажици свеж, сечкан магдонос
- сол
- бибер
- масло
Приготвување:
Поврзани објави
Загрејте масло во поголемо тавче и додајте сечкан кромид. Пржете го додека омекне и стане стаклест. Додајте ситно сечкани пиперки и пржете уште неколку минути. Потоа, додајте домати и гответе додека се намали течноста од доматите и додека се згусне сосот.
Во друг сад изматете јајца и посолете ги малку. Додајте ги во тавчето со зеленчукот и мешајте додека се згуснат по ваш вкус. Додајте го здробеното сирење при крајот на готвењето и внимателно промешајте ја смесата.
Посолете и забиберете по вкус. Внимавајте со количината на солта, бидејќи сирењето најчесто е доволно солено. По желба, додајте сечкан свеж магдонос како украс.
Бугарската кајгана обично се послужува топла, со тазе леб или тост.
ФОТО: aedrozda / Pixabay