Од првата песна до последната публиката беше на нозе…
Популарната хрватска пејачка Јелена Розга синоќа го одржа првиот од седумте концерти кои ги закажа во Сава Центар. По спектакуларниот старт, Јелена разговараше со претставниците на седмата сила.
Розга на самиот почеток ги сумираше своите впечатоци од концертот.
Мислам дека виделовте се, овој прекрасен концерт траеше два и пол часа. Многу сум среќна, под импресии, емоции… Од првата песна до последната публиката беше на нозе и ги пееше сите мои хитови. Задоволство е да се пее на овој простор. Имав и оркестар, ја видовте и публиката“ – рече Јелена.
Поврзани објави
Меѓу другото откри дали за нејзината насмевка е заслужно нејзиното ново момче.
Толку долго ме познавате, едноставна сум, ништо не ме промени. Останав таа скромна девојка од Сплит, која си ја сака работата. Ја почитувам мојата публика најмногу на светот, ги почитувам сите. Токму таков човек сакам и кој ме сака мене. Кога се е добро, кога сме сите здрави, зарем можам да не бидам среќна“ – изјави Розга.
Фото: Printscreen/Gloria
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: