Почетна Убавина и здравјеСопругот ја изневерил со 20 години помлада, а таа се преполовила од стрес – Убавина и здравје

Сопругот ја изневерил со 20 години помлада, а таа се преполовила од стрес – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Натали Портман никогаш не била послаба, дури ни најновиот костим за капење не можел да ги скрие намалените килограми

Натали Портман била видена на Кариби, како се одмора на плажа. Облечена во виолетов, едноделен костим за капење, Натали го покажала своето ослабено тело кое ги загрижило нејзините обожаватели. Секогаш била ситна и слабичка, но најновите фотографии покажуваат значително намалување на тежината и тоа сите го поврзуваат со нејзиниот скорашен развод.

Имено, актерката од 2014 година била во брак со Бенџамин Милпје, но во 2023 година започнале да се шират шпекулации дека Бенџамин ја изневерувал.


Поврзани објави

Наводно, тој имал афера со 20 години помладата активистка Камила Ејен, а кога Натали дознала за неверството, не можела да му прости.

„Таа чувствуваше како постојано да се жртвува за нив двајца, за тој на крајот да направи будала од неа“, открил извор близок на актерката.

Актерката со месеци се трудела да го сочува бракот, пред сè, поради нивните две деца Алеф и Амалија, но не успеала. Тоа најмногу се одразило на нејзините килограми, кои значително се намалиле во споредба со периодот пред аферата на сопругот.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм