Почетна СветПу, пу, НЕ ВАЖИ – Зеленски прво го разреши, сега го врати министерот за одбрана

Пу, пу, НЕ ВАЖИ – Зеленски прво го разреши, сега го врати министерот за одбрана

од nenad
1 минути читај за

Пред десет дена беше објавено дека украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников е разрешен. Сепак, приказната се сврте и Резников останува министер, објавија медиумите.

Тоа и самиот го потврди, а се појави и фотографија од него и Зеленски.

Во последниве недели, Зеленски отпушти бројни функционери поради голем корупциски скандал. Иако Резников не беше директно поврзан со корупција, неговото министерство беше.

Се сомнева дека Министерството за одбрана повеќепати преплаќало за храна. Блиски на Зеленски рекоа дека Резников треба да го преземе Министерството за стратешка индустрија, а Кирило Буданов да стане министер за одбрана.

Инспирирано од: infomax.mk