Почетна Убавина и здравјеСовршен избор за целото семејство – Убавина и здравје

Совршен избор за целото семејство – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Подготовката е едноставна, а сите состојки можете да ги набавите многу евтино

Почетокот на постот носи можност да пробате креативни рецепти кои се и вкусни и посни. Доколку барате брза и здрава идеја за ручек, посните полнети пиперки со туна се совршен избор. Овој рецепт ги комбинира богатиот вкус на зеленчукот и протеинската вредност на туната, што ја прави идеална за сите кои постат, но и за оние кои сакаат лесен оброк.

Рецептот не само што е вкусен, туку е многу здрав, заситува, но нема да ви остави со чувство на тежина во стомакот. Потребни ви се само три главни состојки и зачини по вкус за овие полнети пиперки.

6 пиперки,

1 конзерва туна на парчиња

200 гр ориз

зачини по вкус

Подготовка: Исчистете ја пиперката од семките. Исцедете ги парчињата туна од вишокот масло. Во тава со малку масло пропржете ги сварениот ориз и туната. Зачинете по вкус, па наполнете ги пиперките со оваа смеса. Наредете ги во огноотпорен сад и печете ги на 220 степени околу 10 минути.