Почетна ЕкономијаСириски бегалци се враќаат од Турција по падот на Асад

Сириски бегалци се враќаат од Турција по падот на Асад

од nenad
0 минути читај за

09/12/2024
ВЕСТИ, СВЕТ


Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија.

На граничниот премин Џилвегозу во провинцијата Хатај денеска се создадоа големи гужви. Сириските граѓани чекаат на царински проверки.

Повеќе жители се упатија кон своите родни градови како Дамаск и Хама, изразувајќи радост што конечно се враќаат по повеќе од една деценија. ссм/фото: ЕПА .

Извор: МИА