Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена вечерва, 6 декември, го одржува првиот од петте концерти во Загребската Арена, а концертот го отвори на спектакуларен начин.
Откако во Загребската Арена се слушна звук на пропелери и на екранот се појави хеликоптер, Лепа се појави во фустанот што го носеше на стадионот „Васил Левски“ во Бугарија на концертот на кој всушност пристигна со хеликоптер. Така музичката дива рекреираше сцена која влезе во историјата.
Околу 15.000 луѓе се собраа во Арена Загреб да ги слушнат најголемите хитови на музичката ѕвезда, со громогласни овации ја поздравија Брена, а таа го испеа еден од нејзините најголеми хитови.
@is_that_you_kela_ #lepabrena #fahretajahic #fyp #arenazagreb #imampesmudavampevam #hocunafyp ♬ original sound – lara.tr_✞
Поврзани објави
На концертот на Брена гости беа Милица Тодоровиќ и Бојан Васковиќ, фронтменот на бендот Лексингтон, а се очекува музичката ѕвезда да има уште изненадувања на сцената.
Фото: printskrin Youtube/K1 Televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: