Почетна МакедонијаМВР: Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

МВР: Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

од nenad
0 минути читај за

На 06.12.2024 околу 05.40 часот на автопатот Демир Капија – Скопје, кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Ч.(36) од Република Турција. При преглед во патничко возило „пежо 5008“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои шест малолетници. М.Ч. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.