Повеќе села што гравитираат околу Македонски брод без струја се од саботата навечер.Вознемирен жител од селото Сланско вели дека постојано вратат на телефонскиот број на Електродистрибуција, но дека не добиваат прецизен одговор кога ќе им светне во домовите. -Страшно е да се биде без струја на ова студено време. Јас се греам на дрва, но има постари луѓе кои не се во состојба да си запалат огин и кој се определиле да се греат на струја. Од друга страна, ние обично по селата чуваме поголема количина на храна во замрзнувачите. Сега тоа веќе се е размрзнато. Кој ќе ми ја надомести штетата? Ќе останеме без храна! – реагираше во нашата Редакција жител од Сланско.