Почетна ТехнологијаСИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ НИ ДАРИ МУЗИЧКА МАГИЈА И ПРАЗНИЧНА ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ

СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ НИ ДАРИ МУЗИЧКА МАГИЈА И ПРАЗНИЧНА ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ

од nenad
0 минути читај за

Арената „Борис Трајковски“ на 20 декември ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонски пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на „Прагма продукција“, маестро Трпчески ќе настапи заедно со своите пријатели, врвни македонски уметници, со кои ќе приреди новогодишен концерт насловен како „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ – и ќе нè води низ светот на најубавите музички класици.