Почетна Економија(ФОТО) Средби на претседателот Гаши при официјалната посета на Шведска

(ФОТО) Средби на претседателот Гаши при официјалната посета на Шведска

од nenad
2 минути читај за


Програмата за првиот ден на официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески опфати средба со Кристијан Даниелсон, државен секретар во Министерсвото за надворешни работи, кој е и поранешен директор на директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ. Претседателот Гаши нагласи дека интеграцијата во Европската унија останува најважен стратешки и надворешно политички приоритет,  проследен со почитување на европските вредности и иплементирање на европските стандарди. Тој нагласи дека евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија е условен со промена на Уставот, чекор кој технички државата е спремна да го направи, но притоа да се има предвид дека почитувањето на достоинството, европските интеграции и добрососедските односи се целосно комплементарни и од заемен интерес за сите држави во регионот.

Пратениците и претседателот се заблагодарија за постојаната поддршка од Кралството Шведска и побараа конструктивната помош од нашите пријатели и подржувачи да продолжи и во иднина. Државниот секреатар Даниелсон подвлече дека Шведска останува поддржувач на  евринтеграциите на Република Северна Македонија. Нагласувајќи дека во институциите на ЕУ се водат дискусии за потребните институционални и финансиски подготовки за интегрирање на нови членки и изрази надеж дека уставните измени ќе се случат насокоро, со што ќе се овозможи отворање на поглавјата и членство на Република Северна Македонија што посокоро, со почитување на копенхашките критериуми.

Делегацијата на Собранието, предводена од претседателот Гаши оствари и работна средба со д-р Мајк Винерстиг, Раководител на Секторот за безбедносна политика во Шведската агенција за одбранбени истражувања. Оваа агенција е еден од водечките европски истражувачки институти во одбраната и безбедноста, која работи под Министерството за одбрана, но врши истражувања и за многу други владини органи, општини и компании, во областа на одбраната и безбедноста. На сребата беа разменти мислења и ставови во однос на членството на Шведска во НАТО, поддршката на граѓаните за таквата одлука, а се дискутираше и  за актуелните глобални безбедносни ризици и закани.

 Во рамките на официјалната посета, претседателот Гаши и пратениците се сретнаа со генералниот секретар на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош Кевин Касас-Замора. Институтот е меѓувладина организација со мандат да ја поддржува одржливата демократија ширум светот. Институтот работи во 35 дражави во светот и изработува анализи поврзани со избори, парламенти, уставни прашања, дигитализација, климатски промени, инклузија и политичко претставување, и сето тоа под чадорот на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Генералниот секкретар информираше и дека Институтот им помага на земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија и во таа насока беше дискутирано и за можностите за воспоставување на заедничка а институционална соработка.