Тања Савиќ реши да им ја оствари желбата на обожавателите со одржување на уште неколку концерти низ регионот.
Спектакуларниот концерт на Тања Савиќ по повод 20 години од нејзината кариера во преполната белградска Арена ја воодушеви публиката и предизвика лавина од емоции.
Веќе истата вечер публиката почна да бара реприза, но и концерти низ регионот за сите оние кои не можеле да присуствуваат или не успеале навреме да купат билет.
Желбата на оние кои ја сакаат нејзината музика била толку силна и гласна што Тања решила да ја слушне, па следната година ќе одржи голема концертна турнеја низ регионот. Почетокот е веќе закажан за 11 јануари, кога таа ќе се дружи со публиката во Ниш, а како што објави на социјалните мрежи, наскоро следуваат информации за нови термини на настапи во салите ширум Балканот.
Поврзани објави
Ви благодарам уште еднаш на сите за незаборавната вечер, која ќе ја паметам засекогаш, а сигурна сум дека ќе го понесете со себе чувството што го имавте кога заедно ги изведувавме нашите најубави песни. Не знам како да ви се заблагодарам за толку многу љубов и зборови за поддршка што ги добивам и неколку дена по концертот. Ве сакам со целото мое срце. П.С. 20-годишната турнеја со Тања продолжува, наскоро нови датуми“ – објави музичката ѕвезда со емотивна снимка од белградскиот концерт.
Фото: printskrin Youtube/Vecernje novosti
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: