Сезоната на славите започна, па ви предлагаме одлична идеја за ситни колачи
Ви ја откриваме идеалната смеса од која може да се приготват најразлични ситни колачи за само неколку минути, а тајната ни ја откри слаткарка со 20-годишно искуство. Ослободете ја вашата имагинација, пригответе ја оваа основа и смислете колачиња по желба…
Состојки:
- 400 г наполитанки од лешник
- 400 г крем
- 200 г сечкани или мелени ореви
За глазурата:
Поврзани објави
- 200 г чоколадо
- 5 лажици масло
- 100 г ситно сечкани лешници
Приготвување:
Здробете ги наполитанките и измешајте ги со кремот и оревите. Потоа, потопете ги во глазурата, па посипете ги со лешници.
Од оваа смеса можете да правите топчиња, ролати, плочки. Наместо лешници, ставете кикирики или бадем и ќе добиете комплетно поинаков вкус. Исто така, во средина можете да додадете суво овошје или чоколадна бонбона и така ќе добиете сосема нов колач. За преливање, искористете глазура од бело или црно чоколадо и посипете со лешници или кикирики.
ФОТО: Hans / Pixabay