Почетна ТехнологијаВИДЕОИНТЕРВЈУ | Глигоријадис: Дали се срамам да бидам маж во овој град?

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Глигоријадис: Дали се срамам да бидам маж во овој град?

од nenad
2 минути читај за

Table of Contents

Во оваа епизода на серијалот на „Слободен печат“, ви го претставуваме Крсто Анастас Глигоријадис-млад уметник од Скопје кој работи на различни дисциплини, фокусирајќи се на визуелните уметности и перформанси. Преку својот уметнички израз, Глигоријадис ги соочува конфликтите кои произлегуваат од неговото лично искуство и траума, при што ги користи како еден начин на поттикнување прашања за човечката природа, општеството и личните дилеми. Тој исто така ги истражува телото и танцот како моќни средства за изразување и исцелување.

Глигоријадис подолго време се занимава со прашањата за машкоста: „Што значи да бидеш маж, кој е вистинскиот маж, како се станува таков и дали оваа концепција може да се трансформира или да исчезне?“

-Она што јас го зборувам и го мислам е најчесто според моите лични конфликти. Тоа што ме натера да истражувам повеќе за машкоста беше личен наратив. Се прашував што значи да бидеш маж во овој град. Се прашував дали ми е срам да бидам маж во овој град. Се прашувам дали постои криза на машкоста генерално, за сите нас- вели Григоријадис.
Крсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник / Фото: Слободен печат / Драган МитрескиКрсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник<br / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

За „Слободен печат“ тој објаснува дека денешното општество е соочено со криза на машкоста, или пак со страв и срам од тоа да се биде маж. Користејќи историски примери, тој се обидува да понуди нова перспектива на начинот на кој денешните мажи ја интерпретираат и пренесуваат својата машкост. А со тоа ги поврзува многуте скулптури на машки ликови во нашиот град, кои се дел од проектот „Скопје 2014“.

– Проектот го поврзувам со најголемата пропаганда на машкоста моментално. Мислам дека е најголемиот отров што му се има случено на овој град. И мораме да отстапиме од таа идеја дека голи воини во сукњи ќе бидат скулптурите на градот Скопје – вели Григоријадис.
Крсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник фото: Лени Вон ГелеваКрсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник
фото: Лени Вон Гелева

„Панталоните“ е перформанс во вид на церемонија која ги испитува современите улоги на мажите во општеството, посветувајќи се на нивните обврски и задачи како дел од процесот на промената на дефиницијата на машкоста. Со интензивен и емотивен настап, уметникот се соочува со просторот и публиката, нагласувајќи ја важноста на заедничкиот напор за решавање на клучните општествени предизвици.

-Многу долго време сум заглавен во таа церемонија. Поради практични причини, на почеток од наивните години, децата се облекуваат во фустани. Меѓутоа, после некој период кога сите ќе сметаат дека детето е доволно спремно и зрело, посебно момчињата, ги облекуваат во панталони за првпат и на тој начин симболично им ја пренесуваат машкоста – објаснува Глигоријадис за „Слободен печат“.
Крсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник фото: Лени Вон Гелева
Крсто Анастас Глигоријадис-Визуелен уметник
фото: Лени Вон Гелева

Перформансот на Глигоријадис е поделен на три дела. Проследете го на овој линк.