Почетна Убавина и здравјеНема да ви се верува зошто! – Убавина и здравје

Нема да ви се верува зошто! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Нема да ви се верува која е причината за тоа

Викторија Бекам (50) признала зошто секогаш изгледала сериозно на фотографии: била несигурна во врска со својата кожа.

Низ годините, модната дизајнерка и поранешна пејачка стана позната по својот строг израз на лицето, честопати одбегнувајќи да се насмее на бројни јавни настани.

Викторија има отворено зборувано за својата ниска самодоверба поради проблематичната кожа, бидејќи уште од тинејџерските години имала проблем со акни. Додека станувала славна во своите 20-ти години, дополнително се борела и со проблемите со кожата.

Во новото интервју за „Телеграф“, Викторија се потсетила дека чувствувала голема непријатност кога се фотографирала, бидејќи не била толку задоволна од себе за да се насмее.

При разговорот, Викторија, која од овој магазин добила награда за најдобар бренд на годината во областа на убавината, раскажала дека барала совети од експерти за нега на кожа, а сега следела строга рутина за да се погрижи кожата да ѝ остане чиста.

Додека размислувала зошто била толку самокритична поради својот изглед, Викторија забележала:

„Веројатно изгледав строго на многу фотографии, но бев многу несигурна.“


Поврзани објави

Намаленото смеење во јавност не било единствената последица од нејзините проблеми со кожата, туку и нејзината строга диета.

Викторија е позната по својата ограничена исхрана, а нејзиниот сопруг Дејвид Бекам има откриено дека веќе 25 години секој ден го јаде истото јадење – риба на скара и варен зеленчук.

Објаснувајќи ја својата одлука да се придржува до многу специфична исхрана, Викторија додала:

„Поради мојата кожа почнав внимателно да одбирам што јадам, исфрлајќи ги месото и пченицата од исхраната, меѓу другото.“

Денес Викторија се чувствува многу попријатно во својата кожа и често се насмевнува на многу јавни настани.

Освен тоа, толку е опуштена во врска со својот изглед што открила дека сега се појавува на гламурозни настани со сосема малку шминка.

„Да ми кажеше некој пред неколку години дека ќе излезам на црвен килим да земам награда носејќи само малку коректор, без пудра, ќе помислев дека е луд. Но токму тоа го направив минатата недела.“

Мајката на пет деца признала дека стареењето ѝ донело вистинско ослободување и додала дека некогаш трошела време читајќи коментари за себе, но сега едноставно нема време за тоа.

ФОТО: Инстаграм @victoriabeckham